EU Info
Преговори

Корепер го одобри стартот на преговорите за членство на Албанија во ЕУ по кластери

Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) го усвои Заедничкиот став на Унијата за отворање на првиот кластер во преговорите за членство на Албанија, со што се овозможува одржување на Меѓувладина конференција ЕУ-Албанија во вторник (15 октомври) во Луксембург, соопшти унгарското претседателство со Европската Унија.

– Албанија ќе биде првата меѓу земјите кандидати за членство што ќе ги отвори пристапните преговори според ревидираната методологија за проширување, што ќе биде клучен момент за оваа земја од Западниот Балкан, се наведува во соопштението.

Првиот сет на поглавја, Кластерот „Основни вредности“, ги опфаќа фундаменталните реформи, што ќе го трасираат патот за почеток на преговори по другите кластери.

– Напредокот по овие реформи ќе го одреди и целокупното темпо на преговорите, потенцира унгарското претседателство.

Во соопштението се додава и дека во пресрет на одлуката на Корепер, вчера во Будимпешта се одржала средба на премиерите на Унгарија и Албанија, Виктор Орбан и Еди Рама, на која тие разговарале за пристапните преговори и се согласиле да продолжат со зајакнување на билатералната соработка.

Корепер минатиот месец реши Албанија да почне преговори за членство со ЕУ по кластери, со што практично земјата е одвоена на својот европски пат од Северна Македонија. Досега двете држави се движеа заедно во пакет кон полноправно членство во Унијата.

Поврзани објави

Сиљановска Давкова: Не само ние, туку целиот Западен Балкан не е воопшто проблем за апсорпциониот капацитетот на ЕУ

EUinfo

Почна тридневниот скриниг по Поглавјето 11 – „Земјоделство и рурален развој“

EUinfo

Владата на Швајцарија официјално го одобри обновувањето на преговорите со ЕК

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info