EU Info
Преговори

Албанија преминува во следната фаза од пат кон членство во ЕУ – ги почнува преговорите по кластери

Пред денешното заседание на Совет за општи работи на ЕУ (ГАК) во Луксембург, ќе се одржи Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што Тирана практично ќе ги започне преговорите за членство во Унијата по првиот Кластер „Основни вредности“.

Овој Кластер опфаќа сет на поглавја поврзани со фундаменталните реформи, од чие спроведување ќе зависи целокупното темпо на преговарачкиот процес и почетокот на преговорите по другите кластери.

Одржувањето на Меѓувладината конференција беше овозможено откако Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) минатата недела го усвои Заедничкиот став на Унијата за отворање на првиот Кластер од преговорите за членство на Албанија.

Албанија инаку ќе биде првата меѓу земјите кандидати за членство во ЕУ, што ќе ги води пристапните преговори според ревидираната методологија за проширување на Унијата.

Со Меѓувладината конференција ќе претседава унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто, чија земја е актуелен претседавач на ЕУ.

Одлуката Албанија да почне преговори за членство со ЕУ по кластери ја донесе Корепер минатиот месец, со што практично земјата е одвоена на својот европски пат од Македонија. Досега двете држави се движеа заедно во пакет кон полноправно членство во Унијата.

Поврзани објави

Мицкоски – Милановиќ: Стабилна и просперитетна Европа е невозможна без полноправно членство на целиот регион

EUinfo

Шолц најави забрзување на процесот за влез на земјите од Западен Балкан во ЕУ

EUinfo

Централниот Совет на Македонците во Германија поднесе жалба против Бугарија пред Европската комисија во Брисел

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info