EU Info
Политика

Европската централна банка ја намали основната каматна стапка на 3,25%

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на 3,25 отсто, при што инфлацијата во еврозоната падна на најниско ниво од почетокот на 2021 година.

Каматната стапка по која банките позајмуваат пари од ЕЦБ – исто така беше намалена за 0,25 процентни поени на 3,4 отсто.

По долг период на зголемување на стапките за да помогне во контролата на инфлацијата во екот на пандемијата на коронавирус, ЕЦБ сега ги намали по трет пат годинава.

Многу економисти очекуваа уште едно намалување на стапката овој месец, бидејќи инфлацијата во еврозоната се намали на 1,7 отсто во септември.

Поврзани објави

Брисел ќе предложи нови прописи за поддршка на враќањето илегални мигранти

EUinfo

Опозицијата во Полска ќе го предложи Туск за премиер

EUinfo

Александар Стуб положи заклетва како претседател на Финска

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info