EU Info
Општество

Европска комисија: Се зајакнува соработката за надгледување и контрола на странските директни инвестиции од трети земји кои ја загрозуваат безбедноста

Земјите-членки на Европската унија и Европската комисија ја зајакнуваат соработката за надгледување и контрола на странските директни инвестиции од трети земји кои ја загрозуваат безбедноста или јавниот поредок на ЕУ, се наведува во денешниот извештај на Комисијата.

Во четвртиот годишен скрининг извештај за странските директни инвестиции во Европската унија се забележува дека бројот на известувања за потенцијално сомнителни странски директни инвестиции е зголемен за 18 отсто од воспоставувањето на заедничката рамка на ЕУ во 2020 година.

Европската комисија само во ретки случаи мораше подетално да ги проценува странските инвестиции.

Во 2023 година биле пријавени 488 случаи, а огромното мнозинство од нив, поточно 92 отсто, биле затворени од страна на ЕК во рок од 15 дена, додека само осум отсто од случаите барале дополнителна безбедносна проценка.

Европската комисија успешно ги поттикнувала земјите-членки да усвојат и имплементираат ефективни национални контролни механизми за заштита на колективната безбедност на ЕУ, нејзините земји-членки и проектите и програмите на ЕУ од заеднички интерес, се вели во извештајот на веб-страницата на ЕК.

Поврзани објави

Потребен е инклузивен процес при планирањето и спроведувањето на претпристапните фондови

EUinfo

Скок на извозот на руски гас во Европа во првите четири месеци од 2025

EUinfo

Бројот на невработени во Германија се зголеми повеќе од очекуваното

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info