EU Info
Политика

Мелони: Одлучно продолжуваме напред се додека ја имаме поддршката од граѓаните

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави денеска дека Владата на чело со неа ќе продолжи одлучно да работи на спроведување на својата програма, додека ја има поддршката од граѓаните.

„Се додека ја имаме поддршката од граѓаните, ќе продолжиме да работиме одлучно, со крената глава, да ја реализираме нашата програма и да и помогнеме на Италија да расте, да стане силна, кредибилна и почитувана“, рече Мелони во објавата на социјалните мрежи, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Мелони рече дека Владата „тоа им го должи на Италијанците, на оние што ги избраа и на оние кои иако не гласаа за нив, се надеваат дека добро ја вршат својата работа“.

„На работа, без застанување, без страв“, истакна Мелони, објавувајќи селфи во пресрет на втората годишнина од формирањето на Владата.

Поврзани објави

Советот на ЕУ повика на ратификација на Конвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирувањето на работа

EUinfo

Британските партии трошат десет пати повеќе пари за реклами на Фејсбук и Инстаграм отколку лани

EUinfo

Првични резултати од парламентарните избори во Австрија, Партијата на слободата во водство

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info