EU Info
Политика

ЕП бара две милијарди евра повеќе средства во буџетот за 2025 година

Пратениците во Европскиот парламент во средата го изгласаа ставот за преговори за буџетот за 2025 година, во кој бараат две милијарди евра повеќе од предлогот на Советот на ЕУ.

Европратениците бараат 201 милијарда евра во обврски и 153,5 милијарди во исплати. Европската комисија предложи буџет од 199,7 милијарди во обврски и 152,7 милијарди во плаќања. Советот на ЕУ, кој ги претставува земјите-членки, предлага буџет од 191,53 милијарди евра за обврски и 146,21 милијарди евра за плаќања.

Во септември, Советот гласаше за преговарачка позиција во која предлага 1,52 милијарди евра помалку од предлогот на Комисијата, вклучувајќи помалку пари за истражувачката програма Обзор, за програмата за размена на студенти Еразмус плус, за Агенцијата за европска граница и крајбрежна стража, Фронтекс.

Откако двете законодавни институции ќе ги изнесат првичните ставови за годишниот буџет, може да започнат преговори кои траат до 18 ноември на полноќ. Вообичаено е земјите-членки да сакаат што е можно помал буџет, а парламентарците секогаш бараат повеќе.

Доколку Советот и Парламентот во т.н. Комисија за помирување не успее да постигне договор, Комисијата мора да поднесе нов предлог буџет. Доколку не се постигне договор до почетокот на финансиската година, се воведува систем на преодни дванаесетини додека не се постигне договор. Во овој случај, одреден износ, кој не смее да надмине една дванаесетина од одобрените буџетски средства за претходната финансиска година, може да се троши секој месец за кое било поглавје од буџетот.

Буџетот за 2025 година е првиот годишен буџет од кој ќе се плаќа камата за враќање на долгот што ја финансира реконструкцијата и закрепнувањето од пандемијата. Трошоците за сервисирање на долгот се очекува следната година да бидат повисоки за 2,6 милијарди евра во споредба со првичните проценки.

Поврзани објави

Советот за надворешни работи на ЕУ ќе расправа за Западниот Балкан, Украина, Блискиот Исток и односите со Африка

EUinfo

Жозе Педро Агиар-Бранко избран за претседател на Парламентот на Португалија

EUinfo

Мамер: Фон дер Лајен планира во вторник да ја претстави новата Еврокомисија

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info