EU Info
Политика

СТА: Марта Кос доби зелено светло од ЕП за нов комесар за проширување

Одборот за надворешни работи на Европскиот парламент ја одобри кандидатурата на Марта Кос од Словенија за комесар за проширување, јави СТА повикувајќи се на неименувани извори од политичката група „Да ја обновиме Европа“.

„Словенечката кандидатка за еврокомесарка за проширување Марта Кос доби зелено светло од Одборот за надворешни работи на Европскиот парламент по денешното сослушување“, јави СТА.

Таа денеска изјави дека за време на пристапниот процес посебно значење на Западен Балкан треба да се насочи кон помирувањето и регионалната соработка, како и дека Црна Гора и Албанија би можеле да бидат првите нови членки на ЕУ.

Како што јави словенечката агенција СТА, Кос истакнала дека за првпат по десет години постои реална можност една или две земји да стигнат до крајот на преговарачкиот процес. Според неа, пристапните преговори со Црна Гора би можеле да завршат до крајот на 2026 година, а со Албанија до крајот на 2027 година.

Поврзани објави

Советот на ЕУ ги усогласи препораките за земјите членки за следните пет години

EUinfo

Европратеници лобираат за укинување на промената на сметање на времето

EUinfo

Министерот Муртезани учествува на заседание на Советот за општи работи на ЕУ во Брисел

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info