EU Info
Uncategorized

Европската комисија ги истражува таксите на „Visa“ и „Mastercard“

Европската комисија истражува дали таксите собрани од Visa и Mastercard имаат негативно влијание врз трговците на мало, јавија британски медиуми.

Европската комисија испратила писма за двете компании до трговците на мало и до давателите на платежни услуги во септември, давајќи им рок до октомври да одговорат.

Visa и MasterCard долго доминираа на пазарот на платежни картички, што во последните години доведе до поплаки од трговците за надоместоците што ги наплаќаат двете компании за услуги поврзани со картички, како и обвинувања за недоволна транспарентност.

Ваквите потези обично им помагаат на европските регулатори да развијат антимонополски случај, што на крајот може да доведе до парична казна еднаква до 10 отсто од глобалниот промет на компаниите.

Европската комисија одби да коментира, повикувајќи се на тековната истрага.

Поврзани објави

Кибер просторот стана водечка арена за влијание, мешање и шпионажа

EUinfo

ЕУ воведе нови правила за ограничување на емисиите на штетни гасови од возилата

EUinfo

Пад на вредноста на швајцарскиот франк поради ненадејната најава за заминување на претседателот на Швајцарската централна банка

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info