EU Info
Uncategorized

На 22 ноември во Будимпешта ќе се одлучува за проширување на Шенген зоната

Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер во Будимпешта ќе се сретне со колеги од Романија и Бугарија за да разговараат за проширувањето на Шенген, соопшти австриското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението од Министерството не се наведува каков ќе биде исходот од состанокот, иако весникот „Клајн Цајтунг“ претходно објави дека на состанокот најверојатно ќе се укине блокадата на Австрија и министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе гласаат за проширувањето на Шенген зоната на 12 декември.

Весникот наведува дека средбата ќе се одржи на 22 ноември, а на неа ќе присуствуваат министрите за внатрешни работи Герхард Карнер од Австрија, Каталин Предоју од Романија, Атанас Илков од Бугарија, како и Шандор Пинтер од Унгарија.

На почетокот на годината беше постигнат договор за укинување на граничните контроли за воздушниот сообраќај, но сè уште се контролираат копнените граници.

Поврзани објави

Европската комисија ги истражува таксите на „Visa“ и „Mastercard“

EUinfo

Кибер просторот стана водечка арена за влијание, мешање и шпионажа

EUinfo

Германија го заострува законот за престој

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info