EU Info
Општество

Милијарди евра помош од ЕУ исплатена на Германија и други земји

Германија и четири други земји од Европската унија добија неколку милијарди евра заеми и грантови од ЕУ, соопшти денеска Европската комисија.

Парите доаѓаат од фондот за обнова по Ковид-19 на блокот кој беше создаден во 2021 година за да се справи со економските последици од пандемијата.

Германија доби 13,5 милијарди евра (14,0 милијарди долари) по спроведувањето на реформите во климатската и енергетската политика, како и дигитализацијата, соопшти Комисијата.

Ова вклучува понатамошен развој на национална стратегија за водород и промоција на чиста мобилност, јави ДПА.

Германија досега имаше добиено 19,75 милијарди евра за да се искористат за дигитализација на јавната администрација и транспорт кој ќе биде поповолен за климата, како што е промоција на електрични возила.

Германија може да пристапи до вкупно 30,3 милијарди евра од фондот.

Чешка, Италија, Романија и Португалија исто така добија вкупно околу 50 милијарди евра исплати од фондот.

За да ја добијат помошта, земјите на ЕУ мора да поднесат план за дигитални и одржливи инвестициски и реформски проекти. Финансирањето се заснова на успешност и се исплаќа само откако ќе се постигнат поставените одредници за спроведување на реформите.

Средствата се финансираат преку долг, кој заеднички треба да се врати до 2058 година.

Поврзани објави

Што не чека на границите на ЕУ од ноември

EUinfo

Во ЕУ во 2022 година произведени 6,1 милион тони тестенини, само Италија произвела 4,2 милиони тони

EUinfo

Долговите растат: Франција на исто ниво со Грција и Италија

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info