EU Info
Политика

Полска утре го презема претседавањето со Советот на ЕУ

Полска утре од Унгарија ќе го преземе шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, при што, како што е најавено, ќе ги поддржи активностите кои ја зајакнуваат европската безбедност во сите нејзини димензии – надворешна, внатрешна, економска, информативна, енергија, храна и здравје.

Мотото на претседателството ќе биде „Безбедност, Европа“ што, како што рече претходно полскиот министер за прашања на ЕУ, Адам Шлапка, ги одразува актуелните предизвици со кои се соочува континентот.

Полска го презема претседавањето со Советот на ЕУ во време на неизвесност и загриженост, а според програмата на ова претседателство се споменува и поддршка за проширување на ЕУ засновано на заслуги.

Поврзани објави

Европратениците ги избраа петмината квестори на Европскиот парламент

EUinfo

Лајен ја нарече „гигантска грешка“ кампањата на Трамп против универзитетите

EUinfo

Куса биографија на Фридрих Мерц – новиот канцелар на Германија

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info