EU Info
Општество

ЕВРОПСКА КОМИСИЈА: ЕУ е во состојба без последици да се справи со прекинот на транзитот на руски гас преку Украина

Европската комисија ја отфрли можноста за значителни последици од денешниот прекин на транзитот на руски гас преку Украина, наведувајќи дека тоа се очекувало и дека Европската унија е подготвена.

– Европската инфраструктура за пренос на гас е доволно флексибилна за да обезбеди гас од неруско потекло за Централна и Источна Европа преку други рути, изјави денеска претставник на ЕК, пренесува БТА.

– Од 2022 година, ја зајакнавме нашата мрежа со значителни нови можности за увоз на течен природен гас, додаде претставникот на Европската комисија.

Украинското Министерство за енергетика претходно соопшти дека утрово го прекина транспортот на руски гас низ земјата.

„Во 7:00 часот, во интерес на националната безбедност, беше прекинат транспортот на руски природен гас преку територијата на Украина“, соопшти украинското Министерство.

Во соопштението се наведува дека Украина за ова ги известила меѓународните партнери согласно утврдената процедура.

„Го запревме транзитот на руски гас, одбележувајќи историски настан. Русија ги губи пазарите и ќе се соочи со финансиски загуби. Европа веќе одлучи да се откаже од рускиот гас. Европската иницијатива Repower EU се усогласува со она што Украина го постигна денес“, наведе украинското Министерство за енергетика.

 

Поврзани објави

Бројот на невработени во Германија се зголеми повеќе од очекуваното

EUinfo

Експерти предлагаат повеќе истражувања и иновации за зајакнување на конкурентноста и безбедноста на Европа

EUinfo

Пораз на Урсула фон дер Лајен во „Фајзергејт“

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info