EU Info
Политика

Трипартитен социјален самит на ЕУ

Лидерите не институциите на ЕУ и претставници на европските бизнис асоцијации и синдикати денеска во Брисел ќе одржат Трипартитен социјален самит.

Како што соопшти Советот на ЕУ, учесниците на Самитот ќе разговараат за „враќањето на Европа на вистинскиот пат во услови на предизвикувачка геополитичка средина, како атрактивна, конкурентна и инвестициска локација што штити и создава квалитетни работни места“.

Со Социјалниот самит ќе копретседаваат претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен..

Трипартитниот социјален самит е форум за дијалог меѓу институциите на ЕУ на ниво на претседатели и лидерите на европските социјални партнери.

Социјалните партнери учесници на Самитот се Конфедерацијата на европските бизниси (БизнисЕвропа), Европската конфедерација на синдикати (ЕТУЦ), Здружението на претпријатија за услуги од општ интерес (СГИ Европа), Здружението на занаетчии и мали и средни претпријатија во Европа (СМЕјунајтед) и Советот на европски стручен и менаџерски персонал (Еврокадри).

Во својство на претставник на земјата актуелен претседавач со Советот на ЕУ, на денешниот Социјален самит ќе учествува и полската министерка за семејство, труд и социјална политика Агњешка Џиемјанович-Бак.

Поврзани објави

Неформален дводневен Самит на ЕУ во Будимпешта

EUinfo

На Северна Македонија треба да се овозможи пристап до програмите на ЕУ

EUinfo

Луис Монтенегро го претстави составот на својата влада, а португалскиот претседател го одобри

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info