EU Info
Преговори

Трајков: Регионалната соработка ќе ги забрза евроинтеграциските процеси

Регионалната соработка е клучна за забрзување на евроинтеграциските процеси е пораката од вчерашното обраќање на заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, на дводневната панел-дискусија на тема „Европски проекти за прекугранична соработка за унапредување на административните капацитети на институциите на македонската заедница во Србија“, која што се одржува во Белград.

Во своето обраќање, заменик-министерката за европски прашања, истакна дека со Србија негуваме пријателски односи и взаемно почитување на правата на заедниците, со што се овозможува понатамошно продлабочување на традиционалното пријателство со нашиот северен сосед.

Трајков истакна дека земјите од регионот немаат друга опција освен да продолжат да се движат по европскиот пат кој ќе овозможи просперитет и благосостојба за сите, а ќе отвори и можности за младите луѓе да останат во своите родни земји.

Како што потенцираше заменик-министерката, реализацијата на европските проекти, посебно во прекуграничната соработка, ќе помогне во спроведувањето на реформските процеси со што ќе се подобрат состојбите во сите сфери, а тоа ќе овозможи подобар живот за граѓаните.

Панел-дискусијата е во организација на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија.

Поврзани објави

ЕП во извештајот за напредокот на Македонија ќе ги признае македонскиот јазик и идентитет

EUinfo

Гаши – Клакочар Зупанчич: Словенија останува силен поддржувач на нашиот евроинтеграциски пат

EUinfo

Кошта во Скопје: Нова средба, исти пораки

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info