EU Info
Регион

Европратениците ги одобрија извештаите за Турција, Србија и Косово

Европскиот парламент на денешното продолжение на овонеделната сесија во Стразбур ги одобри извештаите за Турција, Србија и Косово за 2023 и 2024 година.

Извештајот за Турција, подготвен од известувачот на ЕП за земјата, шпанскиот европратеник Начо Санчез Амор, беше одобрен со 367 гласа „за“, 74 „против“ и 188 „воздржани“.

Извештајот беше усвоен со неколку измени, меѓу кои и со вметнување параграф за осуда на посетата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на т.н. Турска Република Северен Кипар.

„За“ извештајот за Србија, изработен од известувачот на ЕП за земјата, хрватскиот европратеник Тонино Пицула, гласаа 419 европратеници, 113 беа „против“, а 88 се „воздржаа“ од гласање.

Извештајот за Косово на известувачот на ЕП, естонскиот европратеник Рихо Терас, беше „поддржан“ од 353 европратеници, 145 гласаа „против“, а 78 беа „воздржани“.

Гласањето следеше по синоќешните дебати во Европарламентот по Предлог-извештаите за трите земји, на кои воведни обраќање имаа еврокомесарката за проширување Марта Кос и тројцата известувачи Санчез Амор за Турција, Пицула за Србија и Терас за Косово

Поврзани објави

Шолц денеска во Белград, наскоро доаѓа и Макрон

EUinfo

Маричиќ по средбата со Вархеји: 2030 е амбициозен но достижен датум, заеднички работиме на таа цел

EUinfo

Фон дер Лајен на четиридневна турнеја низ Западниот Балкан, утре престојува во Скопје

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info