EU Info
Општество

Британски тинејџери ќе управуваат со возови поради недостиг на работна сила

Владата на Велика Британија поради недостиг на работна сила одлучи да ја намали минималната возраст за управување со возови од 20 на 18 години, соопшти Министерството за транспорт, објави Скај Њуз.

Одлуката е донесена поради податоците што покажуваат дека досега имало дури 87 проценти од откажувањата на возењата поради недостиг на возачи.

Сегашната минимална возраст за влез во железничкиот сектор е 20 години, но со зголемениот број на возачи кои се приближуваат кон пензионирање – просечната возраст на британски возач е 48 години, а дури 30 проценти од возачите треба да се пензионираат до 2029 година.

Земји како Франција, Германија, Холандија и Швајцарија веќе ја намалија минималната возраст за лицата кои управуваат со возови, додека владиното тело задолжено за поголемиот дел од транспортната мрежа „Транспорт за Лондон“ во 2007 година отвори програми за приправништво за возачи на метро линиите за 18-годишници.

Обуката за управување со возови на главните пруги обично трае меѓу една и две години, а стандардите за проценка и квалификација на возачите нема да се променат.

Поврзани објави

Нерешителноста на ЕЦБ околу каматните стапки може да доведе до стагнација во Еврозоната

EUinfo

Министрите за внатрешни работи на германските покраини стравуваат дека легализацијата на канабисот ќе го зголеми криминалот

EUinfo

Италија отвори истрага против дигиталната платформа Букинг.ком

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info