EU Info
Политика

Муцунски на одбележување на 30-годишнината од Дејтонскиот договор

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од денеска ќе престојува во Дејтон, Охајо, во САД, по повод одбележувањето на 30-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, во рамки на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО.

Како што информираа од МНРНТ, посетата е на покана на конгресменот и шеф на делегацијата на САД во Парламентарното собрание на НАТО, Мајкл Тарнер.

Министерот Муцунски ќе присуствува и на работна вечера организирана за лидерите од регионот и високи гости, посветена на темите поврзани со мирот и стабилноста на Западен Балкан. Во рамки на настанот ќе се дискутира за напредокот на земјите од регионот, предизвиците со кои се соочуваат, како и за потребата од обновен меѓународен фокус кон мирот, безбедноста и просперитетот на Балканот. Посебен акцент ќе биде ставен на значењето на Дејтонскиот договор за мирот и стабилноста во Босна и Херцеговина и пошироко.

За време на престојот, министерот Муцунски ќе учествува и на два настани од официјалната програма – панел-дискусија посветена на унапредувањето на стабилноста на Западен Балкан и на пленарната седница со која ќе биде затворен настанот.

Поврзани објави

Членките на ЕУ го усогласија ставот за измените на правилата за третман на отпадните води

EUinfo

Владата доволно прави за евроинтеграциите, но ЕУ е со двојни стандарди, а соседите ни отежнуваат

EUinfo

Преговарачите за спогодбата за загадување со пластика во Женева не постигнаа договор

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info