Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денеска со широко политичко мнозинство го усвои извештајот за напредокот на Македонија, кој го поднесе европратеникот и известувач за земјата, Томас Вајц.
„Горд сум на напорната работа и на компромисите што овозможија да донесеме избалансиран документ кој доби широка поддршка. ЕУ мора да остане обединета со своите соседи во овој предизвикувачки геополитички момент. Македонија припаѓа во ЕУ“, изјави Вајц по гласањето, нагласувајќи ја важноста на зачувувањето на добриот моментум во процесот на проширување.
МакедонијаЕвропскиот парламент со силна поддршка за извештајот за Македонија – Вајц: „Македонија припаѓа во ЕУ“Avatar
ОдСкопје1.мкОбјавено на 24/06/2025
Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денеска со широко политичко мнозинство го усвои извештајот за напредокот на Македонија, кој го поднесе европратеникот и известувач за земјата, Томас Вајц.
„Горд сум на напорната работа и на компромисите што овозможија да донесеме избалансиран документ кој доби широка поддршка. ЕУ мора да остане обединета со своите соседи во овој предизвикувачки геополитички момент. Македонија припаѓа во ЕУ“, изјави Вајц по гласањето, нагласувајќи ја важноста на зачувувањето на добриот моментум во процесот на проширување.
Извештајот требаше да биде ставен на гласање на 4 јуни, но беше одложен на барање на Вајц поради противењето на бугарските европратеници, кои се спротивставија на јасното именување на македонскиот јазик и идентитет во текстот. Вајц тогаш изјави дека бил сведок на интензивни политички дебати, но останал цврсто на ставот дека документот го одразува консензусот на сите пратенички групи.
Во извештајот се нагласува потребата од задржување на кредибилитетот на процесот на проширување, се поздравува усогласеноста на Македонија со европските политики, а се повикува и на брзо продолжување на преговорите за членство и на спроведување на уставните измени. Во документот се содржани неколку референци за признавање на македонскиот јазик и идентитет, што претставува дипломатски сигнал со силна тежина.
Следниот чекор е извештајот да биде ставен на гласање на пленарната седница на Европскиот парламент, која ќе се одржи од 7 до 10 јули во Стразбур. Во меѓувреме, бугарски европратеник најави дека ќе предложи додаток во форма на „мислење на малцинството“, што укажува дека политичките тензии околу македонското прашање сè уште не стивнуваат.