EU Info
Регион

Скопје домаќин на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан

Во понеделник и вторник во Скопје ќе се одржува лидерска средба ЕУ – Западен Балкан посветен на Планот за раст на која ќе присуствува и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Од владината прес-служба денеска информираа дека во понеделник ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу претседателот на Владата Христијан Мицкоски и еврокомесарката Кос, по што ќе следи и билатерална средба со проширени делегации.

Во вторник ќе се одржат два панела од кои првиот ќе биде посветен на Планот за раст на Западен Балкан. На овој панел ќе се обратат премиерот Мицкоски и еврокомесарката за проширување Марта Кос, по што ќе следи заедничка прес-конференција.

Вториот панел ќе биде посветен на конкретните механизми и поддршка за спроведување на Планот за раст и на него ќе учествуваат министри, претставници од Европската унија, регионални организации и меѓународни партнери.

Европската комисија вчера соопшти дека еврокомесарката за проширување доаѓа во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан за Планот за раст и дека покрај премиерот Мицкоски,на средбата ќе присуствуваат и лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.

Поврзани објави

Марта Кос во тридневна посета на Албанија

EUinfo

Распишан конкурс за упис на Дипломатската програма на Колеџот на Европа за постдипломци од земјите кандидати за членство во ЕУ

EUinfo

Европската комисија одобрила финансирање на проектот „Независен систем за природен гас во Александруполи“

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info