EU Info
Политика

ЕП го одобри воведувањето на Системот ЕЕС на надворешните граници на ЕУ

Европскиот парламент денеска со 572 гласа „за“, 42 „против“ и 67 „воздржани“ го одобри постепеното воведување на Системот за влез и излез (ЕЕС) на надворешните граници на ЕУ, со што се отвора патот за старт на неговата имплементација од на есен.

Откако ќе стапи во функција, системот ќе ги регистрира податоците, вклучувајќи име, вид на патна исправа, време и место на влез и излез и биометриски податоци – фотографија и отпечатоци од прсти, на државјани на трети земји кои влегуваат и излегуваат од Шенген зоната.

Целта на системот, според ЕУ, е да се подобри безбедноста, да се забрза процесот на проверка на границите и да се намали чекањето на премините.

Постепеното воведувањето на системот ќе трае 180 дена, при што во првите 30 дена во системот ќе треба да се евидентираат најмалку 10 отсто од лицата што ја минале границата, до 90-от ден таа стапка треба да достигне најмалку 35 проценти, а до 180-от треба почне евидентирањето на сите преминување на граничните премини,

Оваа методологија на воведување на ЕЕС системот е доброволен, што значи дека земјите членки на ЕУ можат да го воведат целосно доколку сакаат уште од првиот ден.

Сега останува воведувањето на системот да го одобри уште Советот на ЕУ, по што Европската комисија треба да го одреди датумот за почеток на неговата постепена примена.

Поврзани објави

Дваесет и тригодишна активистка од Австрија е најмладата европратеничка

EUinfo

Орбан: Мелони не е само колешка, таа е моја христијанска сестра

EUinfo

ЕУ размислува за речиси 300 нови проекти за воен развој, обезбедени 1,1 милијарди евра

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info