EU Info
Политика

Почнува примената на системот за влез и излез во ЕУ

Новиот систем,за влез и излез (ЕЕС) на гранциите на Европската унија ќе почне постепено да се применува од 12 октомври, потврди денеска Европската комисија .

ЕТИАС ќе стане задолжителен за сите државјани на трети земји, вклучително и македонските граѓани, на кои не им е потребна виза за краткотрајни патувања во ЕУ и Шенген зоната. Секој патник ќе мора онлајн да поднесе барање за овластување и да ја плати таксата пред патувањето. Со одобрено ЕТИАС ќе може да се влезе во 30 европски држави и да се престојува до 90 дена во период од 180 дена.

Асоцијациите на европските авиокомпании и туристичкиот сектор жестоко реагираа на предлогот на Европската комисија за речиси тројно зголемување на надоместокот за новиот систем за овластување за патување – ЕТИАС (ETIAS). Според планот, таксата која првично требаше да изнесува 7 евра, сега се предлага да биде 20 евра.

Туристичките асоцијации реагираат дека ова зголемување е неоправдано, нејасно образложено и потенцијално штетно за граѓаните и индустријата. Во заедничко соопштение, меѓу кои се и „Airlines for Europe“, Европското здружение за туризам, Здружението на европски туроператори, Асоцијацијата на хотелиери и ресторани, тие наведуваат:

Иако надоместокот можеби изгледа симболичен, неговото кумулативно влијание врз семејствата и туристите е сериозно, особено во контекст на растечките цени на сместување и другите трошоци.

Асоцијациите ја повикуваат Европската комисија да презентира детална финансиска анализа и да разгледа алтернативи, како предлогот за такса од 10 или 12 евра. Тие се жалат на недостаток од транспарентност во начинот на кој бил предложен овој износ и бараат јавна расправа и инклузивност во процесот на носење одлуки.

Европската комисија го оправдува предлогот со растот на инфлацијата и трошоците за технолошка поддршка на системот. Според нив, предложената цена од 20 евра е слична на таксите во други земји – британскиот „ETA“ чини 16 фунти (18,4 евра), а американскиот „ESTA“- 21 долар (17,8 евра).

За туристичкиот сектор остро врзувањето со слични системи во други земји е опасен преседан. Одлуките на ЕУ треба да бидат базирани на реални потреби и трошоци, не на споредби без правна основа, велат оттаму.

Дополнително, се предлага вишокот од собраните средства да се користи за модернизација на туристичката инфраструктура, обука на кадар и зелени иницијативи во туризмот.

Важно е да се напомене и дека доколку лицето го промени пасошот во рокот од три години, овластувањето станува неважечко и мора да се аплицира повторно.

Обврската за ЕТИАС важи за државјани на 59 земји, меѓу кои и САД, Канада, Австралија, Велика Британија и сите држави од Западен Балкан. Но, одобреното патувачко овластување не гарантира сигурен влез, бидејќи граничните служби го задржуваат правото да одбијат влез.

Поврзани објави

Европската централна банка ги задржа каматните стапки првпат по една година

EUinfo

Раководството на партијата Алтернатива за Германија го избра Алис Вајдел за свој кандидат за канцелар

EUinfo

Полската влада ќе разговара за планот за укинување на правото на азил

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info