EU Info
Општество

Полската тајна служба спречи саботажа на водоснабдувањето во еден од поголемите градови

Полската тајна служба спречи планирана саботажа врз водоснабдувањето на еден голем полски град, соопшти денеска владата, пренесе ДПА.

Саботажата можеше да доведе до тоа „еден од поголемите градови да остане без вода“, изјави вицепремиерот Кшиштоф Гавковски за онлајн порталот Onet.

Инцидентот се случил вчера, а Гавковски не кажа за кој голем град станува збор, додава германската агенција.

-Во последен момент успеавме да ги информираме нашите тајни служби и тие затворија сè кога започна обидот за саботажа, рече тој.

Полска, како членка на Европската Унија и НАТО, е еден од најважните политички и воени сојузници на Украина, која е нападната од Русија. Таа, исто така, игра важна улога како логистички центар за западната воена помош за Киев.

Владата во Варшава ги обвинува тајните служби на Русија и нејзиниот сојузник Белорусија за планирање палење и други акти на саботажа во земјата, пренесува ДПА.

Поврзани објави

Волците во Европа преминуваат во „заштитени“ животни

EUinfo

Во ЕУ струјата е најскапа во Германија, а најевтина во Унгарија

EUinfo

Франција стана првата земја која го гарантира правото на абортус во Уставот

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...