EU Info
Регион

Е-трговијата на Балканот под просекот на ЕУ

Во текот на 2024 година жителите на Западниот Балкан на возраст од 16 до 74 години речиси двојно поретко нарачувале стоки или услуги преку интернет отколку граѓаните на ЕУ, покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евростат.

Така, додека просекот на ниво на ЕУ е 60,2 отсто, во Северна Македонија уделот на оние кои лани пазарувале преку интернет изнесувал 39,4 отсто, што, пак, е повеќе од стапките во Босна и Херцеговина каде изнесува 34,8, Црна Гора со 24,5 и Албанија со 16,3 проценти. Секоја од четирите држави е третирана како еден статистички регион.

Во Србија, која е поделена на четири региони, состојбата е нешто подобра, па така во реонот на Белград таа стапка е 52,4 отсто, додека во останатите статистички региони се движи од 44,3 во „Јужна и Источна Србија“, 44,9 во „Шумадија и Западна Србија“, до 48,4 проценти во Војводина.

Инаку, и во земјите членки на ЕУ од Балканот оваа стапка е под европскиот просекот. Во Хрватска тој удел e 52,5 отсто, во Словенија во источниот регион 49,8, додека во западниот 58,9, а во Грција, со исклучок на регионот „Егејски Острови-Крит“ каде изнесува 68,3 проценти, таа се движи од 40,8 во „Централна Грција“, 56,5 во „Атика“, до 57,3 отсто во „Северна Грција“.

Во Бугарија, пак, стапката на граѓани кои купуваат онлајн се движи од 21,7 отсто во југоисточниот регион, 24,9 во северозападниот, 26,5 во јужниот, 33,1 во североисточниот, 36,8 во северниот, до 44,7 проценти во југозападниот регион, во кој спаѓа и Софија.

Во Романија, тој удел е највисок во Букурешт од 51 отсто, додека во останатите седум статистички региони се движи од 26,4 до 40 проценти.

Поврзани објави

Ковачевски-Вархеји: Македонија има неповторливата шанса за придвижување напред

EUinfo

Марта Кос во тридневна посета на Албанија

EUinfo

Распишан конкурс за упис на Дипломатската програма на Колеџот на Европа за постдипломци од земјите кандидати за членство во ЕУ

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info