EU Info
Политика

ЕУ размислува за заедничко задолжување за финансирање на одбраната

Во пресрет на 62. Минхенска безбедносна конференција, шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, повика на заедничко европско задолжување како начин за финансирање на зголемените трошоци за одбрана. Според нејзините зборови, заемите земени заеднички од сите членки би биле поевтини отколку националните кредити, а Европа веќе има искуство со ваков пристап од време на пандемијата на Ковид-19.

„Како тогаш, така и денес, Европа се соочува со закана што го загрозува целиот континент“ нагласи Калас.

Поранешниот германски министер за надворешни работи Зигмар Габриел ја повтори идејата дека заедничко задолжување за одбранбени проекти е неизбежно. Тој посочи дека, и покрај долгогодишната германска позиција дека трошоците за одбрана треба да се покриваат преку национални буџети, реалноста е дека и во Германија дел од овие расходи можат да се финансираат единствено преку задолжување.

Габриел се повика и на извештајот на поранешниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги, кој препорача делумно финансирање на европската одбрана преку заеднички долгови. – Иако овој пристап носи ризици и би бил скап, руските трупи на границата со Полска претставуваат уште поголем и поскап ризик – истакна тој.

Минхенската безбедносна конференција, која почнува утре, ќе собере повеќе од 60 светски лидери и околу 100 министри за надворешни работи и одбрана, што ја прави една од најзначајните платформи за дебата за безбедносните предизвици со кои се соочува Европа.

Поврзани објави

Германската влада ги закажа следните парламентарни избори за 28 септември 2025 година

EUinfo

Нападот врз Израел, случувањата околу Украина и Самитот на ЕУ главни теми на пленарната седница на ЕП

EUinfo

Заедничка вечера на шефовите на дипломатиите од ЕУ и Западниот Балкан во Луксембург

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info