EU Info
Преговори

Фицо: Економијата на ЕУ е во катастрофална состојба

Економијата на Европската Унија (ЕУ) е во ужасна и катастрофална состојба поради смешни климатски и идеолошки цели, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо додека заминуваше на неформален самит за конкурентност во замокот Алден Бизен во Белгија, објавија словачките медиуми.

Лидерите на ЕУ денеска се состануваат на разговори што ги свика претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за да влијаат врз насоката на економската политика на блокот, во услови на зголемен притисок врз конкурентноста и предизвици за унијата поради стратешката зависност од критични суровини од трети земји.

„Се упатувам кон Белгија кон неформален самит каде што ќе разговараме што да правиме со економијата на ЕУ, која е во ужасна состојба поради смешни климатски и идеолошки цели. Подобро е да се каже дека е во катастрофална состојба. Ако не направиме ништо оваа година, пред сè со цените на електричната енергија, Европа нема да стане ништо повеќе од културен музеј на отворено за богати кинески туристи“, рече Фицо.

Прашањето за високите цени на електричната енергија беше истакнато и за време на вчерашниот самит на европската индустрија во Антверпен, на кој присуствуваа високи претставници на околу 500 водечки европски компании.

Поврзани објави

Претседателката за ЕУ: Дали досегашните отстапки доведоа до исчекор или нема крај?

EUinfo

Трајков: Регионалната соработка ќе ги забрза евроинтеграциските процеси

EUinfo

Абдиу Халили од Брисел: Одложена сесијата на билатералниот скрининг за Поглавје 11

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info