EU Info
Uncategorized

Калас: Не се очекува напредок околу 20-тиот пакет санкции против Русија

Европската унија се соочува со нов ѕид во обидите да ја заостри политиката кон Русија. Високата претставничка за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, пред денешниот состанок на министрите за надворешни работи во Брисел, изрази сомнеж дека ќе биде постигнат напредок околу усвојувањето на 20-тиот пакет санкции против Москва. Причината – категоричниот отпор на Унгарија и Словачка.

„Ќе разговараме за Украина и за новиот пакет санкции, но искрено, не очекувам денеска да има значителен напредок. Сепак, ќе продолжиме да вложуваме напори“ изјави Калас по пристигнувањето на состанокот. Таа додаде дека ЕУ работи „со максимални напори“ на спроведување на санкциите и дека ќе ги ангажира земјите кои го блокираат пакетот, но призна дека Унгарија засега не покажува желба да го промени ставот.

Проблемот настанува од контроверзната одлука на Будимпешта и Братислава да ја прекинат испораката на дизел за Украина, поради прекинот на нафтата преку нафтоводот Дружба. Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, вчера отворено соопшти дека неговата земја ќе го стопира усвојувањето на 20-тиот пакет санкции, како и големиот заем на ЕУ за Украина од 90 милијарди евра.

„Додека транзитот на нафта преку Дружба не се врати, нема да дозволиме да се носат одлуки кои се од витално значење за Киев“ напиша Сијарто на X, нагласувајќи дека блокадата се однесува и на воена и економска поддршка за Украина.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, детално ги објасни контрамерките: прекин на извозот на дизел за Украина, стопирање на заемот на ЕУ и блокада на каква било политика на санкции додека не се воспостават редовни испораки на нафта. Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, се придружи на Будимпешта со заканата да прекине итни испораки на електрична енергија за Украина ако транзитот на нафта не се обнови.

Поврзани објави

Европската комисија ги истражува таксите на „Visa“ и „Mastercard“

EUinfo

Кибер просторот стана водечка арена за влијание, мешање и шпионажа

EUinfo

ЕК побара информации од „АлиЕкспрес“ за интернет продажбите на лажни лекови

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info