EU Info
Политика

ОЛАФ отвори истрага против поранешниот еврокомесар Питер Манделсон

Европската служба за борба против измами (ОЛАФ) денеска објави дека започнала истрага против поранешниот амбасадор на Велика Британија во САД и поранешен европски комесар Питер Манделсон.

Манделсон се наоѓа во центарот на голем скандал поради неговите поранешни врски со починатиот сексуален престапник Џефри Епстин.

„ОЛАФ може да го потврди започнувањето на истрагата за случајот што го споменувате. Меѓутоа, со оглед на тоа што истрагата е во тек, службата не може да даде никаков дополнителен коментар“, се вели во официјалниот имејл дистрибуиран од антикорупциското тело на ЕУ.

Поврзани објави

Германија обвинета за груба злоупотреба на разузнавачките податоци

EUinfo

Минхенска безбедносна конференција започнува со учество на над 1.000 делегати и светски лидери

EUinfo

Коалицијата на Олаф Шолц понижена на европските избори

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...