EU Info
Регион

ШЕНГЕН-ПРАВИЛАТА НЕМА ДА СЕ МЕНУВААТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЗАЧИ

Шенген-правилата нема да се променат, иако официјалните лица се свесни дека одредени категории, вклучувајќи ги и професионалните возачи на камиони, се соочуваат со проблеми при влегување и излегување од европските земји кои се дел од зоната на слободно движење, изјави портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламерт.

Тој рече дека Европската комисија „е свесна дека одреден број професионалци од трети земји кои не се прекугранични работници треба да имаат пристап до Шенген зоната повеќе од 90 дена во период од 180 дена“.

– Ова се однесува на професии кои бараат висок степен на мобилност, како што се возачите на камиони, но и спортистите и уметниците на турнеја – рече Ламберт.

Според него, ова прашање зависи и од националните правила и од постојните билатерални договори, поради што постои можност да се најдат „прагматични решенија“ во рамките на постојните Шенгенски правила.

Ламерт ги спомена долгорочните визи и дозволите за престој како можни опции, кои се одговорност на земјите-членки, додека во некои ограничени случаи, возачите би можеле да се третираат како прекугранични работници.

Тој нагласи дека системот за влез-излез не воведува никакви нови правила или нови барања во врска со должината на краткорочните престои во Шенген зоната, но додаде дека Комисијата останува отворена за дискусии за решенија за професионалните возачи, но дека постојните Шенгенски правила ќе продолжат да важат.

-Продолжуваме да соработуваме со нашите партнери од Западен Балкан – рече Ламерт, додавајќи дека Комисијата во неколку наврати разговарала за ова прашање и со претставници на транспортниот сектор.

Изјавата доаѓа откако неколку стотици превозници протестираа вчера во Скопје, Сараево, Белград и Подгорица пред зградите на делегациите на ЕУ.

Превозниците бараат решение за прашањето за нивниот престој и работа во ЕУ, имено професионалните возачи да добијат услови за престој прилагодени на спецификите на нивната работа и правилото да не важи за нив 90 дена во рок од 180 дена.

На последниот протест превозниците најавија затворање на границите кон Унијата.

Поврзани објави

ЗЕЛС домаќин на 22. состанок на Заедничкиот консултативен комитет МК-ЕУ

EUinfo

Фон дер Лајен на четиридневна турнеја низ Западниот Балкан, утре престојува во Скопје

EUinfo

Шолц денеска во Белград, наскоро доаѓа и Макрон

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...