EU Info
Политика

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна

Конзервативната влада на италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска стана најдолговечната влада во поствоената историја на Италија, земја позната по честите и краткотрајни владини кабинети.

Конзервативната влада на италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска стана најдолговечната влада во поствоената историја на Италија, земја позната по честите и краткотрајни владини кабинети.

Владата на Мелони денеска го одбележа 1.413-от ден на власт без прекин, со што го надмина претходниот рекорд на владата на Силвио Берлускони од периодот 2001–2005 година. По Втората светска војна, Италија како република имаше дури 68 влади, при што ниту една досега не успеала да издржи цел петгодишен мандат. Владата на Берлускони беше најблиску до тоа, но владината криза го принуди накратко да поднесе оставка пред повторно да формира кабинет.

Мелони, која е првата жена на чело на италијанската влада, го прославува овој рекорд со својата партија во Бари, на голем предизборен митинг. Со својот директен и прагматичен пристап, таа успеа да ги избегне политичките кризи, фракциските судири и губењето пратеници и министри – проблеми што редовно ги рушеа нејзините претходници. Откако стапи на функцијата во октомври 2022 година, нејзината владејачка коалиција остана непроменета, што претставува реткост во современата италијанска политика и клучен столб во нејзината кампања за реизбор.

Кога дојде на власт, нејзиниот избор предизвика загриженост кај европските сојузници и на финансиските пазари поради десничарските корени на нејзината партија. Сепак, Мелони управуваше прагматично: цврсто ја поддржуваше Украина по руската инвазија, соработуваше со европските институции, се придржуваше до фискалната дисциплина и одржуваше добри односи со американскиот претседател Доналд Трамп.

Парламентарните избори во Италија се закажани за крајот на 2027 година, а политичките аналитичари посочуваат дека прашањето за гласачите веќе не е дали Мелони може стабилно да владее, туку дали резултатите од овој невообичаен период на стабилност заслужуваат уште еден мандат. ссм/

фото: ЕПА архива

Поврзани објави

Членките на ЕУ постигнаа договор за измените на Правилата за регулација за пазарот на струја

EUinfo

ЕУ нема да ги исполни своите дигитални цели до 2030 година, проценува Еврокомисијата

EUinfo

Данска се уште без нова влада: преговорите во ќор-сокак по изборите

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...