EU Info
Политика

Раул Ромева: ЕУ да биде спремна за „внатрешно проширување“ со „нациите кои немаат свои држави“

Водечкиот кандидат на Европската слободна алијанса (ЕФА) за изборите за членови на Европскиот парламент во јуни идната година, Раул Ромева ја повика ЕУ да биде подготвена за можно „внатрешно проширување“ преку прием во членство на земјите кои би настанале со прогласување независност на „нациите кои немаат свои држави“, а кои сега се дел од членки на Унијата.

– Сакаме да видиме како ЕУ ги обединува сите народи во Европа како рамноправни. Тоа вклучува проширување со нашите соседи од Балканот и други места, но значи и внатрешно проширување. Мора директно да се слушне гласот на нациите во Европа, изјави Ромева на Конгресот на ЕФА, откако беше избран за кокандидат на оваа политичка групација за иден претседател на Европската комисија заедно со Мајлис Росберг од партијата на данското малцинство во Германија, Асоцијацијата на гласачите од Јужен Шлезвиг (ССВ).

Ромева, кој доаѓа од каталонската сепаратистичка партија Републиканска левица на Каталонија (ЕРЦ), ја повика ЕУ да дејствува како „посредник“ доколку во блиска иднина „сегашните нации без држави ја остварат својата независност“ и сакаат да станат нови земји членки на Унијата.

– Сегашните договори (на ЕУ) не предвидуваат таква ситуација и затоа мораме да ги дизајнираме основните принципи на европскиот одговори, истакна Ровера, кому во Шпанија му е забрането да извршува јавни функции до 2030 година, врз основа на пресудата поради обидот за отцепување на Каталонија во 2017 година.

Европската слободна алијанса (ЕФА) е политичка групација која обединува малцински и регионални партии од Европа, кои се залагаат или за целосна политичка независност и отцепување или за некоја форма на автономија или самоуправа за нивната област или регион. Меѓу членките на ЕФА се и партиите на Македонците во Бугарија и во Грција, ОМО „Илинден“ – ПИРИН и Виножито.

Поврзани објави

ЕП бара две милијарди евра повеќе средства во буџетот за 2025 година

EUinfo

Европските избори во Австрија официјално закажани за 9 јуни

EUinfo

Спроведувањето на европската агенда и соработката меѓу земјите-членки, главни цели на белгиското претседателство со ЕУ

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info