EU Info
Политика

Норвешкиот премиер го реконструираше својот кабинет по поразот на локалните избори минатиот месец

Норвешкиот премиер Јонас Гар Шторе го реконструираше својот кабинет откако минатиот месец неговата левоцентристичка партија за прв пат од 1924 година загуби на локалните избори од десноцентристите.

Еспен Барт Ајде, кој претходно беше министер за животна средина и климатски промени, доаѓа на местото на Аникен Хутфелт како министер за надворешни работи. Еиде претходно ја извршуваше оваа функција, во периодот 2012-2013 година.

Тројца министри си заминуваат од Владата, а двајца добиваат уште еден ресор. Министерските места во кабинетот се зголемуваат на 20, со формирање на ново министерство – за дигитализација.

„Ја правиме оваа промена, бидејќи има некои области на политиката на кои ќе треба да посветиме уште поголемо внимание во иднина“, рече Гар Шторе.

Поврзани објави

Се понеизвесна битката за „бронзата“ на јунските евроизбори

EUinfo

ЕК ги отфрли критиките на Кина за индустрискиот закон

EUinfo

Пуџдемон најави дека ќе се кандидира на каталонските избори во мај

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info