EU Info
Општество

ЕУ се надева на договор со САД за царините за челикот и алуминиумот

Брисел се надева дека ќе постигне договор со Вашингтон во текот на седмицата за да го спречи враќањето на царините за челикот и алуминиумот, изјави денеска еврокомесарот за трговија Валдис Домбровскис.

Двете страни се во разговори пред крајниот рок на 31 октомври за царините наметнати од поранешниот американски претседател Доналд Трамп за челик и алуминиум од Европа.

Ако не се најде трајно решение, царините ќе стапат во сила, со што претстојниот Самит ЕУ-САД ќе стане клучен простор за преговори.

– Го гледаме глобалниот договор за челик и алуминиум, како и договор за критичните минерали како резултат на овој Самит, посочи Домбровскис.

Поврзани објави

Објавени кандидатите за европската филмска награда ЛУКС

EUinfo

Нерешителноста на ЕЦБ околу каматните стапки може да доведе до стагнација во Еврозоната

EUinfo

Годишната инфлација во Шпанија најниска во последните шест месеци

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info