EU Info
Политика

Постигнат коалициски договор за формирање влада на Шпанија

Шпанската социјалистичка работничка партија (ИСРП) и екстремно левичарското движење Сумар постигнаа договор за формирање нова влада.

Вршителот на должноста премиер Педро Санчез побара поддршка од Сумар, кој има 33 места во Долниот дом на парламентот, и од некои други парламентарни сили, вклучувајќи ги каталонските и баскиските сепаратистички партии.

ИСРП и Сумар издадоа заедничка изјава во која се наведува дека ќе работат на намалување на невработеноста кај младите, зајакнување на здравствениот систем, изградба на повеќе јавни станови, намалување на емисиите на јаглерод и спроведување даночни реформи во банкарскиот и енергетскиот сектор.

И покрај тоа што договорот за Сумар е клучен за Санчез, не е доволно да му обезбеди мнозинство во Долниот дом на парламентот. Нему сега му е потребна поддршката од каталонските сепаратисти, кои бараат масовна амнестија за инволвираните во неуспешниот обид за независност на Каталонија во 2017. Доколку ИСРП не успее да постигне договор со нив, во јануари ќе се одржат нови парламентарни избори. Со ваквиот развој на настаните, можно е центристичките и екстремно десничарските партии да добијат целосно парламентарно мнозинство, за кое на изборите на 23 јули им недостасуваа малку гласови.

Поврзани објави

Мишел: Важно е ЕУ да демонстрира единство во одбраната на своите принципи и вредности

EUinfo

Советот на ЕУ повика на ратификација на Конвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирувањето на работа

EUinfo

ЕУ воведува европски дигитален идентитет за поедноставен пристап до онлајн услуги

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info