EU Info
Политика

Белгија ја става кризата на Блискиот Исток на агендата на следното претседателство со Советот на ЕУ

Белгија ќе ги стави прашањата поврзани со Блискиот Исток високо на агендата на следното претседателство со Советот на ЕУ, кое ќе започне на 1 јануари следната година. Ова го објавија локалните медиуми, повикувајќи се на изјавата на белгиската министерка за надворешни работи Хаџа Лабиб.

Според Белгија, која од Нова година треба да го преземе претседателството, „единственото можно решение се заснова на (одвојување) на две земји“.

-Денешната криза уште еднаш покажува дека мора да се создаде политички хоризонт за да се постигне трајно решение на израелско-палестинскиот конфликт, засновано на меѓународното право, додаде Лабиб.

Таа прецизира дека Белгија е подготвена да се приклучи на секоја иницијатива за враќање на мировниот процес.

Лабиб вели дека мора да се направи се за да се стигне хуманитарна помош во Газа. Медиумите забележаа дека Белгија поддржува хуманитарен прекин на огнот, иако повеќето други земји од ЕУ се воздржани по ова прашање.

Минатата недела, Европскиот совет усвои повик за „хуманитарни паузи“ во размената на удари меѓу Израел и Хамас.

Поврзани објави

Европскиот парламент усвои директива со која ги штити новинарите од Слап тужби

EUinfo

Европарламентот се заканува со „правна постапка“ против Европската комисија

EUinfo

Дводневен Самит на ЕУ во Брисел

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info