EU Info
Политика

Проевропската струја победи на локалните избори во Молдавија

Партијата на проевропската молдавска претседателка е прва на локалните избори во стотици градови одржани викендов, но не ја освои градоначалничката функција во најголемите градови, вклучително и главниот град Кишињев, покажуваат прелиминарните изборни резултати објавени денеска.

Изборите вчера, на кои се избираа 12.000 локални функционери, вклучително и градоначалникот на Кишињев, беа тест за проевропската политика на претседателката Маја Санду и беа проследени со обвинувања за руско мешање, што Москва ги негира.

Владејачката Партија за акција и солидарност (ПАС) на Санду освои повеќе од 40 отсто од гласовите за градоначалници, градски советници и општински и селски совети.

Таа ја освои функцијата градоначалник во првиот круг на гласање во 240 од вкупно 898 села и градови. Тие победи беа главно во руралните области.

Во главниот град, актуелниот градоначалник Јон Цебал денеска изјави дека ја победил Лилијан Карп од ПАС, за малку избегнувајќи втор круг со 50,62 отсто од гласовите, според прелиминарните резултати.

Ова беа последните избори во Молдавија пред претседателските избори во ноември 2024 година.

Поврзани објави

Постигнат коалициски договор за формирање влада на Шпанија

EUinfo

Полскиот претседател ја свика првата седница на новоизбраниот Парламент за 13 ноември

EUinfo

Скуг е новиот специјален претставник за човекови права на ЕУ

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...