EU Info
Општество

ЕК одобри заедничка инвестиција на „Волво“ и „Рено“ за производство на комерцијални електромобили

Европската комисија ја одобри заедничката инвестиција на шведски „Волво“ и француски „Рено“ за создавање компанија за развој, производство и продажба на лесни електрични комерцијални возила и за обезбедување на логистички услуги.

Одлуката е донесена во рамки на Регулативата за спојување на ЕУ, откако Еврокомисијата процени дека здружувањето нема да предизвика нарушување на конкурентноста на европскиот пазар.

Одлуката за одобрувањето на заедничката инвестиција беше донесена врз основа на поедноставената процедура за контрола на здружувањето на компаниите, се додава во соопштението на Еврокомисијата.

Согласно договорот за инвестирање, „Волво“ и „Рено“ ќе поседуваат по 50 проценти од акциите на заедничката компанија.

Лесните комерцијални електрични возила што ќе се произведуваат во фабриката во почетокот ќе бидат наменети за пазарите во Европа, а подоцна и во останатите делови од светот.

Поврзани објави

ЕК ја одобри третата подобрена вакцина против Ковид

EUinfo

Скок на извозот на руски гас во Европа во првите четири месеци од 2025

EUinfo

Полските земјоделци го завршуваат протестот на границата со Украина

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info