EU Info
Општество

Во Мадрид повторно протест на земјоделците

Во главниот град на Шпанија, Мадрид денеска повторно се одржува протест на земјоделците.

Илјадници земјоделци со неколку десетици трактори на пладне протестираа пред Министерството за земјоделство. Демонстрантите истакнаа транспаренти на кои пишуваше „Селото се распаѓа, но на власта не ѝ е грижа“.

Шпанските земјоделци речиси континуирано протестираат од 1 февруари, најчесто со блокирање патишта. Како и нивните европски колеги, шпанските земјоделци протестираат против конкуренцијата од земјите надвор од ЕУ, која ја сметаат за нефер и нелојална, бидејќи не подлежи на истите правила.

Во исто време, протестите се насочени против „домашната“ и бирократијата на ЕУ, поради прописите што ги сметаат за комплицирани. Тие тврдат и дека откупните цени за нивните производи се прениски, а се жалат и на недостиг на помош за земјоделскиот сектор.

Шпанскиот министер за земјоделство Луис Планас од почетокот на протестите неколку пати ги прими земјоделците. Тој вети дека ќе изврши притисок во Брисел да ги поедностави регулативите и да го подобри шпанскиот закон за синџирот на исхрана, со цел да ги спречи земјоделците да ги продаваат своите производи со загуба.

Поврзани објави

ЕВРОПСКА КОМИСИЈА: ЕУ е во состојба без последици да се справи со прекинот на транзитот на руски гас преку Украина

EUinfo

Вработените во големите градови во Германија се враќаат во канцелариите

EUinfo

Нова рунда од „тријалогот“ за Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info