EU Info
Политика

Туск: Нова ера на војни во Европа

Премиерот на Полска, Доналд Туск изјави дека руската инвазија врз Украина пред помалку од две години вовела нова ера на војни во Европа.

– Знам дека звучи депримирачки, особено за помладата генерација, но мораме да се навикнеме на фактот дека почна нова ера. Не претерувам, секој ден станува се појасно. Не сакам никого да плашам, но војната повеќе не е концепт од минатото. Таа е реална и почна пред повеќе од две години – изјави Туск за германскиот весник „Велт“.

Тој додаде дека „во моментот најзагрижувачко е тоа што буквално секое сценарио е можно. Не сме виделе ваква ситуација од 1945 година“.

Туск наведе дека е сведок на револуција во европскиот менталитет.

– Никој повеќе не ја доведува во прашање потребата од заедничка одбрана. Погледнете ја Германија, каде што се случи огромен пресврт. Денес, ЦДУ и ГСДП се натпреваруваат кој од нив е попроукраински – истакна Туск.

Тој повика и на поконзистентна заштита на надворешните граници на ЕУ.

– ЕУ во целина, како моќна организација, мора да биде ментално подготвена да се бори за безбедноста на нашите граници и територија – посочи Туск.

Рано утрово полските и сојузничките авиони беа ставени во состојба на готовност откако Русија изврши ракетни напади врз Украина.

Поврзани објави

Белгија ја става кризата на Блискиот Исток на агендата на следното претседателство со Советот на ЕУ

EUinfo

ЕП повика на зајакнување на европската одбрана

EUinfo

Спасовски и Гомез: Заеднички заложби за одлучна и неселективна борба со организираниот криминал и корупција

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...