EU Info
Општество

Инфлацијата во Германија во март е потврдена на 2,2 отсто, најниска во последните 3 години

Годишната стапка на инфлацијата во Германија во согласност со претходните прелиминарни проценки, од февруарските 2,5 отсто, во март се намали на 2,2 отсто и сега е најниска од мај 2021 година, соопшти денеска германскиот Сојузен завод за статистика (Дестатис).

Во март цените на енергенсите беа за 2,7 отсто пониски во однос на истиот месец минатата година, а цените на храната се намалија на годишно ниво за прв пат од февруари 2015 година, за 0,7 отсто, се наведува на веб-страницата Дестатис.

Спротивно на тоа, инфлацијата во германскиот услужен сектор се зголеми од февруарските 3,4 отсто на годишно ниво, на 3,7 отсто.

Годишната стапка на базичната инфлација во Германија падна на 3,3 отсто во март и сега е најниска од јуни 2022 година. На месечна основа, цените во Германија во март се зголемиле за 0,4 отсто.

Поврзани објави

Група европски медиумски куќи со тужба бараат од Гугл 2,1 милијарда евра отштета за загуба на приходи

EUinfo

Избрани над 36.000 добитници на бесплатни билети за патување преку „Истражи ја ЕУ“

EUinfo

Еврокомисијата најави план за воведување европска диплома

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...