EU Info
Општество

Евростат: Речиси 10 отсто од граѓаните на ЕУ не можат да си дозволат пристоен оброк секој втор ден

Во најновиот извештај на Евростат се наведува дека минатата година 9,5 проценти од жителите на Европска Унија ден не можеле да си дозволат оброк кој содржи месо, риба или еквивалент на вегетаријанска храна секој втор ден, што е за 1,2 отсто повеќе отколку во 2022 година.

Според истражувањето во 2023 година 22,3 проценти од граѓаните на ЕУ биле во ризик од сиромаштија, што е зголемување за 2,6 отсто во споредба со 2022 година.

Најголем дел од граѓаните кои не можат да си дозволат соодветен оброк е забележан во Словачка со 45,7 проценти, потоа Унгарија со 44,9 отсто и Бугарија со 40,2 проценти. Додека во Ирска 4,2 отсто, на Кипар пет отсто и во Португалија 5,9 проценти од граѓаните не можеле да си дозволат пристоен оброк.

Можноста за соодветен оброк со месо, риба или вегетаријански еквивалент секој втор ден е една од ставките што ги анализира Евростат за да се донесе заклучок за ризикот од сиромаштија во ЕУ.

Поврзани објави

Германската економија годинава ќе има раст од само 0,1 отсто

EUinfo

До крајот на 2024 година во ЕУ ќе почне продажба само на универзални полначи за телефони

EUinfo

Франција стана првата земја која го гарантира правото на абортус во Уставот

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info