EU Info
Општество

Градоначалникот на Минхен официјално го отвори овогодинешниот „Октоберфест“

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер денеска го отвори годинешното издание на најголемиот фестивал на пивото во светот – Октоберфест.

Тој го отвори првото буре пиво напладне по локално време. Тоа значи дека пенестата течност сега може слободно да се точи во многуте шатори што се поставени.

Годинава се очекуваат до шест милиони посетители на Октоберфест, што ќе трае до 6 октомври.

„Ќе го направиме Октоберфест што е можно побезбеден“, вети градоначалникот Дитер Рајтер за 189-тото издание на фестивалот.

Со металните детектори кои ги прегледуваат посетителите на сите влезови на Октоберфест и повеќе камери за надзор, властите во Минхен не штедат напор да спречат каква било потенцијална опасност.

Поврзани објави

Образовни реформи во Шведска: Децата ќе одат во училиште од шест години

EUinfo

Во ЕУ струјата е најскапа во Германија, а најевтина во Унгарија

EUinfo

Делови од Чешка, Полска и Австрија под вода по ударот на циклонот „Борис“

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...