EU Info
Регион

Повик за изразување интерес за мобилизирање приватни инвестиции во Западен Балкан

Европската унија објави Повик за изразување интерес за мобилизирање приватни инвестиции во Западен Балкан, со цел да се поддржи економскиот развој на регионот и неговата интеграција во единствениот пазар на ЕУ, соопшти денеска Европската комисија.

Поканата беше објавена на Самитот Aдрија 2025 во Црна Гора синоќа, што значи дека компаниите од ЕУ, Европската економска област и Западен Балкан се поканети да поднесат предлози за инвестициски проекти, а крајниот рок за аплицирање е 21 мај 2025 година.

Европската комисија ќе ги разгледа предлозите и ќе се стреми да ги поддржи најпогодните проекти со достапни политики, технички или финансиски инструменти, а целта е да ги поттикне приватните инвестиции во развојот на инфраструктурата, економската диверзификација, зелената и дигиталната транзиција, како и интеграцијата во синџирот на вредност на ЕУ, со цел да се овозможи отворање нови работни места и да се намали економскиот јаз во согласност со Планот за раст на Западен Балкан.

Поврзани објави

Шолц денеска во Белград, наскоро доаѓа и Макрон

EUinfo

Дигитализација на малите и средни претпријатија од Западниот Балкан

EUinfo

Соработка со Хрватската народна банка како дел од Програмата за зајакнување на капацитетите на централните банки од Западен Балкан

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info