EU Info
Преговори

ЕП во извештајот за напредокот на Македонија ќе ги признае македонскиот јазик и идентитет

Европскиот парламент (ЕП) е пред усвојување на извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ, кој ќе содржи признавање на македонскиот идентитет и јазик на четири места. Ова ќе биде второто законодавно тело во Европа по германскиот Бундестаг, кој донесе одлука за македонскиот јазик на 15 јуни 2023 година.

Признанието треба да биде наведено во следниот извештај на Европскиот парламент за напредокот на Македонија кон ЕУ, кој треба да биде усвоен во јули, пишува бугарски „Бгнес“. Признавањето на јазикот и идентитетот било постигнато откако главниот известувач – Австриецот Томас Вајц од Зелената партија – постигна консензус со другите седум известувачи „во сенка“ што ги претставуваат политичките семејства во ЕП.

Зелената партија на известувачот Томас Вајц е коалициски партнер со партијата Европска слободна алијанса – ЕФА. ЕФА, наведува „Бгнес“ ги претставува интересите на малцинствата кои бараат регионална автономија, самоуправа или независност во рамките на ЕУ. Меѓу членовите на ЕФА се и забранетата партија ОМО „Илинден“ – Пирин во Бугарија и Македонската алијанса за европска интеграција во Албанија – МАЕИ.

„Бгнес“ го проверувал регистарот на состаноците на Европскиот парламент според кој од неговото назначување за известувач, Томас Вајц одржал 36 состаноци со властите на Македонија и ниту еден со организациите на Бугарите во Македонија.

Над 40 предлози за извештајот биле дадени од бугарските европратеници Андреј Ковачев – ГЕРБ и Ивајло Валчев – ИТН. На денот кога започнаа преговорите, на покана на самиот Вајц, 15 пратеници од Македонија одржаа состаноци во зградата на ЕП, а претходно, на 12 мај, истото го стори и министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Томас Вајц организираше официјален ручек за македонските пратеници со „известувачите во сенка“, на кој бугарските пратеници не биле поканети.

Како резултат на постапките на Томас Вајц и успешните лобистички напори на Скопјe, речиси сите текстови на бугарските европратеници беа отфрлени од известувачите, но беа усвоени шест предлози ЕП да го признае македонскиот идентитет и јазик, пишува „Бгнес“.

Резервите на Бугарија во однос на македонскиот јазик, кој официјално беше кодифициран во 1945 година, се целосно отсутни од извештајот.

Поврзани објави

Сиљановска Давкова: Не само ние, туку целиот Западен Балкан не е воопшто проблем за апсорпциониот капацитетот на ЕУ

EUinfo

Шолц најави забрзување на процесот за влез на земјите од Западен Балкан во ЕУ

EUinfo

На Предлог-извештајот на Вајц за Македонија поднесени 313 амандмани – најмногу од „милите комшии“ Бугарија и Грција

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info