EU Info
Политика

САД и Македонија постигнаа историски трговски договор

Соединетите Американски Држави и Република Македонија постигнаа Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти Белата куќа. Договорот има за цел да ги зајакне билатералните економски односи и да обезбеди проширен пристап на извозниците од двете земји до нивните пазари.

Според договорената рамка, Северна Македонија ќе ги укине царинските давачки за сите американски индустриски и земјоделски производи што се извезуваат на македонскиот пазар. Од своја страна, САД ќе ги задржат реципрочните царини од 15 проценти за производите со потекло од Северна Македонија, во согласност со релевантните извршни наредби, но ќе идентификуваат и одредени производи што ќе добијат нулта царинска стапка.

Двете земји ќе разгледуваат и дополнителни измени на тарифите по финализирањето на договорот, земајќи ги предвид трговскиот биланс и други релевантни фактори.

Во рамки на договорот, САД и Македонија ќе работат на адресирање на нетарифните бариери што влијаат врз билатералната трговија, особено во приоритетните сектори. Предвидени се и консултации за спречување и надминување на пречки за американските земјоделски производи на македонскиот пазар.

Дополнително, двете држави се обврзаа да ја продлабочат соработката во областа на економската и националната безбедност, со цел зајакнување на отпорноста на синџирите на снабдување и поттикнување иновации. Ова вклучува координација во однос на инвестиционите контроли, извозните режими и спречување на избегнување на царински давачки.

Во енергетскиот сектор, се нотира изградбата на новиот гасен интерконектор меѓу Македонија и Грција, што ќе овозможи диверзификација на изворите на енергија и зголемена енергетска безбедност. По неговото завршување, Македонија ќе започне со набавка на американски течен природен гас (LNG).

Македонија се обврзува да одржува високо ниво на заштита на животната средина и ефективно да ги спроведува еколошките закони, како и да разговара за зајакнување на заштитата на интелектуалната сопственост, вклучително и географските ознаки. Ќе се отворат и прашања поврзани со трудовото законодавство и дигиталната трговија.

Во делот на дигиталната економија, Македонија се обврзува да не воведува данок на дигитални услуги и да ја поддржи постојаната мораториумска одлука во рамки на Светската трговска организација за ненаметнување царини на електронски преноси. Потврдена е и заложбата за олеснување на трговијата со услуги и поддршка на иницијативите на СТО за домашна регулација на услугите.

Двете страни најавија дека ќе работат на финализирање на договорот, негово подготвување за потпишување и спроведување на потребните домашни процедури пред тој да стапи во сила.

Извор: whitehouse.gov

Поврзани објави

ЕУ ја одобри употребата на контроверзниот глифосат за уште 10 години

EUinfo

Советот на ЕУ ја утврди листата на кандидати за членови на Европската комисија

EUinfo

ЕП го отфрли буџетот на Советот на ЕУ за 2025 година, почнуваат нови преговори

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info