EU Info
Политика

КОШТА: ЕУ треба да се подготви за можни разговори со Русија, засега Унијата не треба да се меша во напорите на Трамп за мир во Украина

Европската унија треба да се подготви за можни разговори со Русија, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, пренесе ДПА.

Засега, Европската унија не треба да се меша во напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за мир во Украина, рече Кошта во интервју за мрежата на новински агенции „European Newsroom“ (enr).

– Но, доколку преговорите бидат прекинати или неуспешни, тогаш треба да бидеме подготвени да ги продолжиме напорите и да се обидеме да постигнеме праведен и траен мир во Украина – изјави Кошта.

САД ги водеа дипломатските напори за посредување меѓу Москва и Киев. Овие разговори неодамна беа прекинати бидејќи фокусот на Вашингтон се префрли на војната во Иран.

Во интервјуто, Кошта сепак повика на воздржаност.

– Засега, нашиот главен придонес е да го зголемиме економскиот притисок врз Русија и да продолжиме да ја поддржуваме Украина со сите расположливи средства – рече тој.

Зголемените цени на енергијата не ја променија стратегијата на ЕУ, рече тој, бидејќи ЕУ се стреми да стане независна од руските енергетски испораки и не преговара за цените на енергијата со Москва.

Украина се брани од руска инвазија повеќе од четири години. ЕУ го поддржува Киев, вклучително и со финансиска помош.

Унгарија во моментов блокира милијарди евра нова помош веќе одобрена за Украина. Ова е неприфатливо, рече Кошта, кој претходно беше премиер на Португалија.

Поврзани објави

Европскиот парламент, популарните и десничарите го блокираат договорот за етичкото тело на ЕУ

EUinfo

Реформа на ЕУ за исполнување на препораките на граѓаните

EUinfo

Мецола од Љубљана: Си поставив задача да ја доближам ЕУ до младите и различните

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info