EU Info
Политика

Белгискиот министер Максим Прево во официјална посета на Македонија

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре во официјална посета на Македонија ќе престојува министерот за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка на Кралството Белгија, Максим Прево.

Во рамки на својата прва посета на земјава, министерот Прево ќе оствари тет-а-тет средба со својот хомолог, министерот Тимчо Муцунски, по што е предвидена и пленарна средба на двете официјални делегации, проследена со заедничка изјава за медиумите.

Централни теми на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните политички и економски односи со Белгија, како и перспективите на процесот на проширување на Европската Унија, вклучително и натамошната белгиска поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија.

Поврзани објави

Александар Стуб положи заклетва како претседател на Финска

EUinfo

ЕУ ја одобри употребата на контроверзниот глифосат за уште 10 години

EUinfo

Мелони: Сè уште можам да соработувам со Фон дер Лајен

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...