EU Info
Општество

Европа врие од протести

Ова се најнасилните протести против Еди Рама, кој во мај минатата година го освои четвртиот мандат на функцијата… Немирите избувнаа откако летово имаше серија мирни протестипоттикнати од предложениот проект за развој на луксузно одморалиште долж јужниот брег на Албанија финансиран од Џаред Кушнер, зет на американскиот пртетседател доналд трамп…

Високите цени и се поскапиот живот извадија милиони жители на Европа на улица..Франција, Италија, Португалија, Белгија, Албанија, бран на незадоволство се шири низ контитентот..Повеќе од половина милион луѓе ги исполниа улиците на сите поголеми градови во Франција поради се повисоките трошоци за живот…Протестие кои првично почнаа поради лошите услови во училиштата, за брзо време прераснаа во демонстрации против нееднаквоста и падот на животниот стандард..

…Изјави жител на Франција

„ Ние не ги поддржуваме само студентите и проблемите што ги истакнуваат, туку ја браниме и загриженоста на пошироката јавност, стравувањата од високите трошоци за живот и цените на горивата. Овие протести го обединуваат целиот народ околу една заедничка цел. “

…Изјави жителka на Франција

„ Млада сум, ги завршив студиите, немам никакви приходи и немам пари.“

Во судирите кои избија меѓу демонстрантитте и полицијата, уапсени се неколку илјади луѓе а околу 500 полицајци се повредени…Запалени се десетици автомобили, згради и угостителски објекти а ограбени се и голем број на продавници..Градоначалниците на Париз, Марсеј и Лион – трите најголеми градови во земјата побараа итна средба со Францускиот премиер…Емануел Макрон се закани дека сите што ја нападнале полицијата и ограбувале, ќе бидат казнети…

..изјава Себастијан Лекорну – премиер на Франција

„Во текот на целиот ден, нашите сограѓани се соочуваа со насилна и високоорганизирана мрежа која имаше за цел да напаѓа имот, луѓе и институциите на Републиката. Ова е очигледен политички маневар со кој се прифаќа насилството. Ќе повторам уште еднаш: нема да дозволиме да не заплашат. “

Се поголемо незадоволство поради високите трошоци за живот има и во Италија..Илјадници луѓе учествуваа на протестите во Торино, Милано и Болоња,…Голем судир изби пред познатата катедрала во Милано откако демонстрантие почнаа да фрлаат камења кон полицијата која пак возврати со солзавец…Во Болоња, полицијата употреби водени топови за да ги растури демонстрациите..Уапсени се неколку десетици лица..

Џорџа Мелони – премиерка на Италија

„Протестирањето е право. Уништувањето на нашите градови не е. “

Големи протести има и во Португалија..Од синдикалните движења велат дека демонстрациите кои првично почнаа во Лисабон а потоа се проширија и во другите делови од државата, треба да испратат порака до владата да го запре големиот раст на цените на домувањето, храната и горивата…

Неколку стотици луѓе, пак протестираа и во Брисел…Белгиските студенти велат дека немаат друга опција освен да излезат на улица поради зголемените трошоци за образование и стравувањата дека реформите кои се најавуваат ќе ги направат факултетите недостапни за голем дел од населението…

Големи протести изминатиот период имаше и во Шпанија…

..изјава Алберто Алемано – Професор по право и политики на ЕУ, HEC Paris

„ Она што го слушаме од студентската мобилизација е осуда на недоволното финансирање на образованието, зголемувањето на трошоците и неизвесните перспективи по дипломирањето. Сметам дека тука постои и барање што произлегува од целата генерација, а кое ги надминува конкретните политички барања. Очигледно е дека многу од овие млади луѓе, кои денес се дел од младинските движења, чувствуваат дека на нивната иднина и се посветува се помалку внимание.“

Не стивнуваат ниту протестите во Албанија…Демонстрациите против владата на Еди Рама, покрај во Тирана, се проширија и во неколку други градови низ земјата, со зголемени тензии и судири со полицијата…Полицијата мораше да употреби солзавец за да ги спречи демонстрантите да стигнат до зградата на министерството за економија..Судири имаше и пред зградата на владата…Тензиите ескалираа во близина на парламентот, каде што полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите, откако тие продолжија да фрлаат камења кон полициските службеници…

…изјава жителка на Албанија

„Тука сум да ги поддржам луѓето во нивната борба за подобро образование и повеќе можности во оваа земја која не им дава ништо. “

Албанскиот премиер Еди Рама пак останува на ставот дека нема да поднесе оставки и обвини надворешни сили, без да открие кои, дека сакаат да ја дестабилизираат држаавата…Истовремено тврди и дека пред два дена бил неутрализиран дрон со експлозив, со кој наводно се планирало да биде нападната зградата на албанската влада …

..изјава Еди Рама – премиер на Албанија

„Протестите немаат апсолутно никаква врска со тешките услови за живот во Албанија или легитимна желба за подобрување на тие услови.. Сето тоа е дело на истата рака, раката што ја зграпчи албанската опозиција за грлото и што ја гореше и уништи Албанија повеќе од еднаш. “

Поврзани објави

Тридневниот синдикален штрајк го запре железничкиот сообраќај низ цела Германија

EUinfo

„Амазон“ ќе ја прошири услугата за испорака со дронови на пазарот во Европа

EUinfo

Еуростат: Само 23,6% од домаќинствата во ЕУ имаат деца

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...