EU Info
Преговори

Пленковиќ: Две држави ѝ одзедоа на Македонија 21 година од приближувањето до ЕУ

Македонија во 2000 година беше пред Хрватска, но две држави ѝ одзедоа 21 година од институционално приближување кон Европската Унија, смета премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ.

Тој, во изјава пред состанокот на Европскиот совет во Брисел зборувајќи за хрватско-црногорските односи и условите за членство на Црна Гора во ЕУ, ги потенцираше кочниците со кои се соочува Македонија во евроинтеграцискиот процес.

„Го имате примерот со Северна Македонија, која, кога го имавме самитот во Загреб во 2000 година, беше пред Хрватска во институционалниот аспект. Тие сè уште не ги започнале преговорите. Постојат две земји кои, да речеме, од 2005 до 2026 година ѝ одземаа 21 година институционално приближување на Северна Македонија кон Европската Унија“, рече Пленковиќ.

Премиерот посочи дека, за разлика од соседите на Македонија, Хрватска, во случајот со Црна Гора не го прифати тој пристап и дека и покрај тешкото наследство, пристапува многу конструктивно.

„Во тој конструктивен процес, ги издвоивме оние точки за кои веруваме дека Црна Гора треба да ги исполни бидејќи тие се дел од она што треба да го преземе како европски вредности со своето идно членство во Европската Унија“, вели Пленковиќ.

Поврзани објави

Абдиу-Халили: Новиот закон за органски буџет дел од реформата во јавните финансии

EUinfo

Се спрема Академија за ЕУ, реформската агенда е заштитена од злоупотреба и од корупција

EUinfo

Менкиноски до Муцунски: Помина времето за трпение – спасение

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...