EU Info
Регион

Маричиќ по средбата со Вархеји: 2030 е амбициозен но достижен датум, заеднички работиме на таа цел

Иднината на политиката за проширување е отворена и поставена е цел за која треба и државите од Западен Балкан и ЕУ да се подготвиме и да ја достигнеме, е заклучокот од работниот состанок со комесарот на ЕУ за соседство и проширување, Оливер Вархеји објави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбата со Вархеји во Тирана.

„Кај земјите членки на ЕУ постои политичка волја и обединетост за европската перспектива на целиот регион.

Вархеји порача да го задржиме фокусот на процесот на преговори со ЕУ и на реформите заради македонските граѓани кои заслужуваат да живеат во европска и просперитетна држава.

ЕУ веќе има суштински предлози, со таканаречениот план за раст кој вистински ќе ја забрза не само институционалната, туку и економската интеграција.

Целта е да го забрзаме проширувањето и до 2030 да успееме сите да ги исполниме обврските, за да го завршиме обединувањето на Европа и да ја обезбедиме нејзината стабилност и развој” напиша Маричиќ на социјалните мрежи.

Поврзани објави

Марта Кос во тридневна посета на Албанија

EUinfo

Хрватскиот министер за надворешни работи во посета на земјава

EUinfo

Берлин го намалува ангажманот во Западен Балкан откако улогата на претставник е укината

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info