EU Info
Политика

Еврокомисијата предложи мерки за намалување на загадувањето со микропластика

Европската комисија денеска првпат предложи пакет мерки за спречување на загадувањето со микропластка предизвикано со ненамерно ослободување од пластични суровини.

Според податоците на ЕУ, годишно поради погрешно ракување низ целиот синџир на снабдување, во животната средина се ослободуваат меѓу 52 и 184 илјади тони пластични суровини.

Целта на предлогот на ЕК е да се обезбеди сите компании што ракуваат со пластични суроцини во ЕУ да преземат неопходни мерки на претпазливост за ограничување на загадувањето со микропластика.

Со предвидените мерки се очекува намалување на загадувањето со микропластика до 74 отсто, со што ќе се добијат почисти екосистеми, реки и океани без пластика и ќе се намалат потенцијалните ризици по здравјето на луѓето.

– Предлогот пред се ги опфаќа најдобрите практики за компаниите во однос на ракување со суровините, задолжителна сертификација и самодекларирање, како и воспоставување заедничка методологија за проценка на загубите, се додава во соопштението на ЕК.

За малите и средни бизниси ќе важат помалку ригорозни мерки со цел за да им се овозможи полесно усогласување на правилата.

Предлог мерките ќе бидат проследени на одобрување до Европскиот парламент и Советот на ЕУ, согласно законодавната процедура на ЕУ.

Поврзани објави

Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта

EUinfo

Мишел: Важно е ЕУ да демонстрира единство во одбраната на своите принципи и вредности

EUinfo

Европската комисија не дала доволно информации за зделките со набавката на вакцини против Ковид-19

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info